Под мотото „Празнична магија 2025“ скопјани синоќа ја дочекаа Новата година на плоштадот „Македонија“.
Новогодишната програма почна во 19:30 часот со настап на Сара Мејс по што настапија „Љубојна“ и „Ареа“, а Новата година беше дочекана со настапот на музичката група „Нокаут“.