Фото: Принтскрин

Претседателката на државава Гордана Сиљановска – Давкова го честиташе „Божиќ“ од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во изјава за медиуми, таа изрази надеж дека најдоброто од сите ќе се разбуди на овој ден.

– Се надевам дека навистина, како што архиепископот неколкупати напомена, дека ова ќе значи дека знаеме дека ѕвездата од Витлеем нѐ води и дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден. Посакувам вечен да е, се разбира – додаде претседателката на државава.