Фото: Кабинет на претседателката

Претседателката Гордан Силјановска Давкова, по смртта на папата Франциск на својата Фејсбук-страница напиша дека по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го памети по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност.

-Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност – порача Силјановска Давкова.

Минатата година претседателката Силјановска Давкова, за време на неколкудневната посета на Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, одржа средба со папата Франциск. На средбата, меѓу другото, се усогласиле околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската унија, како и за тоа дека сме пример за религиозен дијалог.