Претседателката Гордана Силјановска-Давкова имала средба со министерот за правда, Игор Филков, на која зборувале за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов закон за помилување.
-На средбата беа разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството – се наведува во соопштението од Кабинетот на Силјановска-Давкова.
Претседателката Силјановска-Давкова и министерот Филков се согласиле да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призма на правото и правдата, се посочува во соопштението.