Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Желјазко Радуков.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Радуков му посака топло добредојде и успешно извршување на значајната дипломатска функција во насока на унапредување на односите и соработката во позитивен правец што ќе придонесе за зближување на двете земји и граѓаните.
– Односите меѓу двете држави не се на посакуваното ниво и не се соодветни за држави кои се непосредни соседи и сојузници во НАТО, од кои едната е членка на Европската Унија, а другата е кандидат за членство со силна посветеност кон ЕУ-интеграцијата.
Неопходна е промена во пристапот преку развој на односите и креирање позитивна разлика – стои наведено на официјалната Фејсбук страница на претседателката.