Со објава на Твитер, германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево го поздрави гласањето на македонското Собрание за заклучоците за францускиот предлог.
– Го поздравувам гласањето на македонскиот Парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување во Европската унија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас до крај, напиша Шолц.
По три дена расправа во Собранието за владината Информација за прифаќање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето за евроинтеграција на Македонија, СДСМ додаде нови заклучоци, односно внесе мали измени во првичните предлог-заклучоци, кои потоа беа изгласани со 68 гласа „за“. Немаше „против“, ниту „воздржани“. Пред гласањето, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти пленарната сала.
Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог – „за“ гласаа 68 пратеници
Одлуката на Собранието ја поздравија и еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.