Лицата со дијабет повеќе од половина година не добиваат навремена терапија, глукомери, игли и ленти, како и сетови за децата со Тип 1, реагираат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Тие денес од пред Министерството за здравство порачаа дека се приморани по неколку пати во месецот да одат до аптеките и во неизвеснот дали ќе стигнат на време потребните лекови, трошат дополнителни средства од својот домашен буџет.
-Сите граници на толеранија се преминати. Да не зборуваме за семејните буџети колку ни се нарушени. Зборуваваме што е со глукомерите изминативе месеци. Ние како Сојуз кога можевме да обезбедиме 400 апарати и кутии со ленти, кои беа донација за 400 најзагрозени лица со дијабетес, ова министерство може да обезбеди многу повеќе и може да направи навреме да се дистрибуираат – вели Диме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.
Во моментот како што велат се снаоѓаат со меѓусебна помош. Ако до 20 јули министерството не ги исполни нивните барања, најавуват дека ќе излезат на протест.
Министерот за здравство Фатмир Меџити, вели дека е свесен за проблемот на лицата со дијабет. Доцнењето според него се јавува поради административните процедури.
-Не е точно дека нема инсулин, има инсулин, но доцнат тие тендери. Знаете сега не би сакал да кажам дека немам вина, јас сум министер веќе четири месеци и работиме на тоа. Имало некои закаснувања за тендерирање, за јавните набавки, не знам зошто било тоа така, но ги преземавме сите мерки за повеќе да не се повтори тоа – вели Фатмир Меџити, министер за здравство.