АПЕЛ ЗА ПОМОШ

Сите кои ќе го видат или имаат информација за 87-годишниот Славе Димитриевски од Штип да се јават на телефонскиот број 077596947, апелира неговиот син Тони Димитриевски, кој ни испрати и фотографии.
-Ви пишувам со последна надеж за помош да го најдеме мојот татко, кој има деменција. Тој има 87 години, а на 14 август последен пат е виден во Штип на улица „Партизанска“, каде и живее. Пријавата за исчезнување е направена на 14 август во штипската полиција. Поминаа речиси пет дена, но нема никакви новости – пишува Димитриевски.