Деновиве завршија работите на санирање на свлечилиштето на асфалтниот пат низ Галичник, што го поврзува источниот со западниот дел, под куќата на Каркинци. Месната заедница Галичник максимално се ангажира повторо патот да се стави во функција, пред одржувањето на 62- рото годишно издание на традиционалната атрактивна туристичка манифестација „Галичка свадба“, која ги негува исконските свадбарски обичаи, песни и ора, сочувување на унукатната архитектура на куќите, специјалитетите на галичката кујна, на делата на преродбениците, копаничарите, сликарите, што му даваат белег на милениумското опстојување на планината Бистра. Заслужни за реализацијата на зафатот беа Медат Куртовски, градоначалник на Маврово и Ростуше и Месната заедница Галичник.
-Во екот на подготовките за „Галичка свадба“, пред повеќе од месец, се појави свлечиште и стотина метри од патот го однесе во удолицата, покрај патот. Галичник беше отсечен. Долно маало и патот за угостителскиот објек „Неда“ станаа недостапни и во прашање беше доведено одржувањето на Галичка свадба како и летната туристичка сезона – вели Огнен Караѓозовски, претседател на Месната заедница.
Благодарение на мајсторите на Долна Река, кои квалитетно го завршија зафатот пред време свадбата ќе се одржи и ќе биде презентирана целата програма. Се очекува уште едно Галичко културно лето да мине во најдобар ред.
Ден пред почетокот на Галичка свадба, македонскиот артист Рубенс Муратовски, по потекло од Галичник, на платото пред чешмата Упија во Галичник ќе настапи со монодрама.
К.Кипроски