Препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица од мајмунски сипаници препорача Комисијата за заразни болести.
Оттаму информираа дека дополнително се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку тие пројават симптоми ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје.
– Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските мерки за лична заштита од заразни заболувања, а во случај на евентуална појава на симптоми на ова заболување да се јават кај својот матичен лекар – се наведува во соопштението.
До матичните лекари ќе биде дистрибуирана и информација за разработената патека за преглед, тестирање и згрижување на евентуалните пациенти.
Двајцата пациенти заболени од мајмунски сипаници се родени 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје.