Покрај локалната самоуправа на Кичево, која за настраданите од земјотресот во Албанија издвои 12.000 евра од општинскиот буџет, повеќемина доброволци во општината, на повеќе пунктови вклучени се во собирање секаков вид на помош за настраданите во земјотресот во Албанија.
За само два дена, се собраа поголеми количества текстил, храна, вода, лекови и парични средства за загрозеното подрачје.
– За да им помогнеме на настраданите од земјотресот во Албанија, ние доброволците од општина Кичево и околината, активно сме вклучени во собирање на секаков вид помош, од облека, постелнини, храна, вода, пари, и се друго што им е неопходно на настраданите во катастрофалниот земјотрес што се случи во вторникот. Во моментов на четири локалии во градот и селата се собира помош, а само ние доброволците од Кичево, во изминатите два дена собравме два камиони помош која е транспортирана за Албанија и 4000 евра пари, кои ќе бидат упатени во кризните подрачја. Нашиот ангажман ќе продолжи се дотогаш додека им е неопходна помош на нашите западни соседи, што полесно да го пребродат кризниот период и што поподготвени да ја дочекаат зимата – најави Арбен Мехмеди, еден од организаторите на овие акции во Кичево.
З.А.