Откако општината Битола му го одзеде паркингот на приватниот концесионер „Стентон градба“, новото јавно претпријатие за паркирање, кое го формира Советот на Битола почна со санација на паркинг местата.
Денеска се санираа ударните дупки на паркингот кај салата, кои преставуваа опасност не само за возилата, туку и за пешаците. На тој начин овој паркинг ќе се приспособи за нормално паркирање на возилата во Битола, а особено на големиот број автобуси кои доаѓаат претежно со турски туристи.
М.М.