Здруженијата на пензионери од Прилеп, Битола, Крушево и Демир Хисар, денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја одржаа 17-тата Регионална ревија на песни, музика и игри. На манифестацијата покрај градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, присуствуваше и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

Пензионерите покажаа дека со љубови ентузијазам го негуваат и презентираат фолклорното наследство.

Регионалната ревија на песни, музика и игри за отворена ја прогласи претседателката на Сојузот здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

-Со оваа реионална ревија започнува пролетното музичко пензионерско движење, преточено во регионални ревии кое почнува во Прилеп а завршува на 20 мај во Вевчани. Ќе се одржат 8 регионални ревии во април и мај месец, а како заеднички именител за сите е зачувување на фолклорот, кој се пренесува од колено на колено- истакна Станка Трајковска, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Републичката ревија на песни, музика и игри оваа година ќе се одржи на 7 јуни а на истата ќе настапат најуспешните.

Ка.М.