Премиерот на Владата, Зоран Заев, денеска за време на посетата на Битола придружуван од министерката за култура Ирена Стефоска го посети Офицерскиот дом, кој со реконструкцијата доби нов лик со целосно задржани културно-историски специфики.

При увидот, премиерот Заев и министерката Стефовска беа информирани дека по успешно подготвената проектна документација за објектот, ентериерното уредување е во завршна фаза и дека во предлог-буџетот, кој треба да биде усвоен од Советот на Општина Битола, локалната самоуправа предвидува средства и за завршување на партерното уредување околу Офицерскиот дом. На средбата беше констатирано дека овој објект е од големо значење за битолчани и дека неговото постоење е совршен спој на минатото и сегашноста, на културата, традицијата и историјата.

Инаку Офицерскиот дом се реконструира со средства кои Општина Битола, на иницијатива на градоначалничката Наташа Петровска, ги обезбеди со изготвениот проект за кој  доби подгрант-средства од Европската Унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност”, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија (администриран од Светска банка), стои во соопштението од владата.

М.М.