ОХРИД
Во тек се активности за изградба на нов покрив на детската градинка „Билјана“, информираат во Општина Охрид. Новиот рамен покрив ќе биде изведен по сите најсовремени стандарди, во неколку слоеви, со висок степен на заштита и изолација, а на страничните делови ќе има лимени конструкции.
– Проектот е вреден еден милион и 530 илјади денари, средства што се обезбедени од буџетот на јавната детска градинка „Јасна Ристеска“. Со неговата реализација се става крај на долгогодишните проблеми со прокапување вода при врнежи од дожд и снег во сите простории од градинката – велат оттаму.
Во објектот има четири занимални во градинскиот дел, во кој во согласност со протоколите за заштита од ковид-19 се згрижени по 20 деца во група, односно 80 вкупно, и две занимални со јасли, во кои се згрижени по 15, односно 30 деца вкупно.