Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, освен фасада, ќе добие и нови врати и прозорци

Охрид

Општина Охрид ја започна реализацијата на проектот за поставување најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“. Како што нагласуваат од локалната самоуправа, станува збор за инвестиција на Министерството за образование, во соработка со општина Охрид. Во рамките на проектот е предвидено реновирање и на училишната работилница.
– Изминатиов период во оваа образовна институција е реконструиран покривот, променета е дограмата, а се поставија и нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД-осветлување. Со средства на Општина Охрид, наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во сите училишни простории – најавуваат од Општина Охрид.