Традиционалната „Семакедонска средба“ во Трново, која традиционално се одржува на 2 август во дворот на црквата „Св. Пресвета Богородица“ се добива впечаток дека е и оваа година е маргинализирана.
На само еден ден пред одржувањето на средбата во јавноста нема никаква информација за нејзиното одржувањето, ни од официјалните општински и државни институции, ни од Здруженијата кои ја организираа средбата. За разлика од минатите години, кога пред одржувањата на средбата јавноста беше детално информирана за програмата, овој пат на само еден ден пред одржувањето на средбата нема никаква информација.
Се добива впечаток дека оваа средба, која е јубилејна и треба да се одржи по 50-ти пат некако како да е маргинализирана и опструираана, а само пред неколку години политичарите и партиите буквално се „тепаа“ кои сакаа да им се обратат на големиот број присутни и особено на иселениците кои се собираа по неколку илјади од сите европски и прекуокеански земји, како и од соседните држави Грција, Албанија, Бугарија.
Инаку Семакедонската средба во Трново и минатата година беше опструирана и со слаба посетеност, но таквите опструкции на минатиот Илинден се објаснуваа со пандемијата и со забрана за масовни собирања.
Во блиското минато во Потпелистерското село Трново, покрај Семакедонска иселеничка средба, која традиционално се одржува на 2 август, редовно со децении пред Илинден се одржуваше и средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, која беше масовно посетена од неколку илјади гости од земјата и светот.
М.М.