Неколку знамиња на Република Албанија денес се вееја на Самуиловата тврдина во Охрид. Наводно, знамињата биле поставени од играорци од Косово. Случајот бил забележан од граѓаните и тие ја информирале полицијата дека четири лица поставуваат албанско знаме на тврдината.
Од СВР Охрид велат дека полицијата ги презема сите активности за расветлување на случајот.
-Екипа на СВР Охрид веднаш излегла на терен и албанското знаме е тргнато од тврдината. Истовремено се преземаат сите мерки за откривање на причините зошто е постваено знмаето на Република Албанија на Самуиловата тврдина, соопштуваат од СВР Охрид.
Според неофицијални информации, знамето е поставено од меѓународна играорна група од Косово, која била во посета на Охрид како дел од играорниот перформанс. Тие истакнале дека се дојдени како туристи и не знаеле дека не е дозволено поставување на национални симболи од туѓи држави на тврдината и дека немале тенденции со тоа да провоцираат.