Велес
Општина Велес, во соработка со припадниците на МВР и СВР – Велес, ги интензивира мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните. За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес се вршат контрола и дезинфекција на сите моторни возила што влегуваат и транзитираат низ градот.
– Оваа активност почна во текот на минатата недела, но интензивно продолжува и ќе се реализира и во наредниов период. Активностите за чистење и миење на улиците и дезинфицирањето на возилата на влезовите во градот се интензивирани како резултат на ширењето на коронавирусот, за да се обезбедат почисти улици и населби, но пред сè за заштита на жителите на општината Велес – велат надлежните од локалната самоуправа на овој град.