По повод Меѓународниот ден на младите 12 август, а во организација на Европската младинска асоцијација, денес во Кичево како град домаќин, се случија неколку активности. Се возеа велосипеди низ градските улици, организирана еко-акција за уредување на една локација во градот, доделување на сертификати на учесниците на овој настан и кинопроекција на отворен простор, во кампот на Извидничкиот одред„ Мирко Милески“, вечерва од 21 часот.
– Меѓународниот ден на младите 12 август, чиј домаќин за првпат е и Кичево, ќе биде збогатен со повеќе настани. По отворањето, се одржа велосипедска трка низ градските улици, потоа на учесниците на овој настан им беа доделени сертификати, а на еден локалитет во градот се реализира еко-акција на уредување на едно катче, во кругот на гимназијата, а денот на младите ќе биде заокружен со кинопроекција на отворено, во кампот на извидничкиот одред „Мирко Милески“. Темата на Меѓународниот ден на младите за годинава е „Трансформирање на образованието“, ги истакнува напорите да се направи образование, перманентно, правилно и инклузивно, за сите млади вклучително и напорите на младите – истакнаа од Европскиот младински тим, организатор на овој ден. Инаку, учесниците на овие настани мора да бидат помлади од 27 години. З.А.