Во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложба и ќе биде промовиран каталогот на стари и ретки книги.

На изложбата ќе бидат претставени 203 наслови на стари и ректи книги што се објавени и во каталогот. Редактор на изложбата и на каталогот е Наде Караџоска, која потенцира дека книгите што ќе бидат претставени на изложбата се само дел од збирката од околу 1000 наслови на ретки книги што ги поседува Библиотеката, а се издадени пред 1945 година.

-Од историски аспект старите и ректи книги се израз и потврда на вредностите и приликите кои постоеле на овие простори, отсликувајќи го начинот на човековото битисување и опстојување. Книгите се обработени и внесени во системот КОБИС – додава Караџоска, потенцирајќи дека изложбата и промоцијата се во рамките на одбележувањето на патрониот празник на библиотеката.

Ка.М.