Битола
Во општината Битола во тек се активности за асфалтирање и изградба на тротоари на улицата 13 Јули. Како што велат надлежните, најпосле жителите на овој дел од градот нема да газат во кал, туку ќе имаат асфалтирана улица.
– Деновиве продолжуваме со уредување на коловозот, тротоарското решение и дел од паркингот околу зградите. Висината на сумата на сегашните инфраструктурни зафати е над 4,7 милиони денари, што значи дека вкупно, со претходно вложеното во канализацијата, ќе биде над 5,5 милиони денари.
Сакам да нагласам дека овој потег е една заостаната состојба од минатото на нерешена инфраструктура и покрај тоа што биле платени комуналии и, наедно, општината била должна да го среди овој простор. За жал, во градот имаме низа вакви ситуации, но како сегашна локална самоуправа покажуваме одговорност во решавање на сите овие проблеми – рече градоначалничката на општината Битола, Наташа Петровска.Следна фаза на реализација во оваа улица ќе биде поставување улично осветлување, како и осветлување на паркинг-просторот околу зградите.