Земјотресот со јачина од 5,2 степени по Рихтер кој утринава во 4.54 часот беше регистририран во Мавровскиот регион, ги вознемири и граѓаните на Кичево, бидејќи Кичево е оддалечено неполни триесет километри од епицентарот на земјотресот.
Според сите мерења, во Кичево земјотресот е почуствуван со јачина од 4 степени. Жителите на Кичево ги разбуди силниот тресок, но главно не ги напуштија своите домови.
Утринава дежурна тема во градот беше токму силниот земјотрес. Потресот најмногу се почуствува во повисоките згради, но засега не е пријавена материјална штета врз објекти, информираа од ПО на ДЗС Кичево. З.А.