ГЕВГЕЛИЈА

На последната јавна објава за продажба на градежни парцели за семејно домување беа продадени сите осум градежни парцели. За петте парцели во станбената населба Караорман во Гевгелија имаше најголем интерес – за секоја од парцелите се јавија по 25 наддавачи. Токму и затоа, парцелите чија почетна цена изнесуваше 60 денари за квадратен метар, на електронското јавно наддавање достигнаа цена од 1.000 до 3.000 денари за квадратен метар. Притоа, една градежна парцела во населбата Караорман беше продадена за 3.000 денари за квадратен метар.
– Во станбената населба кај поранешната касарна на продажба беа понудени три градежни парцели, кои, исто така, предизвикаа интерес кај наддавачите. На електронското јавно наддавање беше постигната цена од 1.100 денари за квадратен метар. Јавното наддавање за една градежна парцела за изградба на објект од лесна индустрија кај поранешната касарна е закажано за 11 ноември на веб-страницата: www.gradezno-zemjiste.mk – информираат во Општината.