Врвните светски готвачи и гастрономи, добитници на Мишелин ѕвезди, Џорџо Диана, Раду Замеску и Ѓорѓе Костиќ, ќе бидат дел од т.н. Гастро тура што од денеска до 14 октомври ја организира Општина Охрид.
Целта на настанот е да се подигнат квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителските објекти.
Со домашни охридски производи, готвачите ќе треба да направат нови специјалитети кои потоа ќе станат дел од менијата на локалните угостители.
Во рамки на Гастро турата се предвидени и обуки на локални готвачи за нови типови јадења и збогатување на постојните менија во рестораните.
По пристигнувањето на врвните готвачи денеска ќе се одржи Мастер клас на Факултетот за туризам.