Вработените во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кичево и годинава ја продолжија традиција на одбележување на 24 мајм Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. Во текот на претпладнето, тие сo лепчето подарено од годиншниот кум Владо Димоски, го посетија црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во градот, каде лепчето беше осветено и, потоа се упатија на заеднички ручек во еден ресторан надвор од градот.
– Како и претходните години така и годинава ја продолживме традиција на одбележување на Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методи. Најпрво го посетивме црковниот храм во градот, каде од страна на свештениците беше осветено лепчето подарено од кумот Владо Димоски и потоа се упативме во еден локал на заеднички ручек. Дел од средствата на вработените предвидени за оваа намена, одлучивме како доброволен прилог да ги даруваме на децата со посеби потреби од нашето училиште, за да се подобри дидактиката на оваа група на деца – рече Анета Божиноска, директорка на училиштето.
Во текот на денот беше избран и кумот за следната година, а тоа е Катерина Дојчиноска, наставничка по физичко воспитување.
Зоран Антоски