Весела на мирна Новогодишна ноќ во Битола
Најлудата и највеселата новогодишна ноќ во Битола помина весело и мирно. Најголемиот број битолчани Новата година ја пречекаа во своите домови, рестораните и на плоштадот Магнолија.
Поради прекумерно конзумирање алкохол во Клиничката болница помош побарале само шест возрасни битолчани.
На плоштадот „Магнолија“ во Битола, синоќа голем број битолчани ја дочекаа Новата 2020 година. Со музичка програма, која започна во 21 часот, пред битолската публика настапија ДЈ Рикардо, Кон Тру ДЈ и Фанк` Д Ап Бенд.
Како кулминација на вечерта, настапи Зарина Прва севда со својот бенд, изведувајќи македонски народни песни.
Неизбежниот Дедо Мраз им ја честита Новата година на битолчани, со желби за добро здравје, успех и просперитет на сите, а точно на полноќ градот беше осветлен од голем огномет.
Меѓу граѓаните, Новата година ја дочека и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, заедно со сопругот и пријателите и заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска, директорката на Здравствениот дом, Весна Спиркоска и други личности од општественото и културното живеење.
Веднаш по полноќ Петровска ја посети дежурната екипа на Итната медицинска помош во Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола и на сите дежурни им подари торта.
М.М.