Сојузот на борци – Битола се јави со проглас во јавноста, во врска со случувањата во државата по доставувањето на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почетокот на преговорите со ЕУ.
За битолските борци и нивните поддржувачи Протоколот е срамен, лажен и понижувачки, па сметаат дека македонските институции во одреден момент можат да го откажат и спроведувањето на Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година, во оние делови каде се третираат историски и националните прашања, односно во Комисијата за историски и образовани прашања, стои меѓудругото во прогласот на Сојузот на борци – Битола.
– Не го прифаќаме дефокусирањето на проблемот преку изјавите „македонскиот јазик е чист и заштитен во преговарачката рамка”, туку бараме услов за натамошни
преговори да биде признавањето на сувереното право на сопствена македонска историја и образование. Инсистираме сите државни институции инволвирани во процесот да изготват јасна порака до Софија дека никогаш нема да дозволиме да ги уништите или избришете македонската историја, јазик и идентитет. Во името на осумте надорни херои, стотиците загинати и преживеани борци, над 3.000 депортирани Евреи и сите наши сограѓани, апелираме Владата да го прифати овој проглас и да покаже заслужна почит кон жртвите од НОБ – потенцираат од Сојузот на борци.
Според нив, протоколот за македонска интеграција во ЕУ, во формата во која беше презентиран пред јавноста, директно ја тангира историјата и има јасна тенденција за
ревизија на историската вистина по терк на бугарскиот историографски наратив. Од Сојузот на борци забележуваат тенденција за ревизија на македонската антифашистичка историја од профашистички позиции, особено изразено преку делови
кои третираат измислен говор на омраза преку спомениците и во учебниците, како и рехабилитација на жртвите од комунизмот.
– Македонскиот народ и останатите националности кои живеат во Македонија во време на Втората светска војна четири години се бореа против германскиот, италијанскиот
албанскиот и бугарскиот фашизам и ја создадоа македонската држава. Таа борба е неотуѓив и нераскинлив дел од македонската национална историја и македонскиот
национален иденитет. Ревизијата и негирањето на таа македонска историја
значи рушење на македонската национална држава – сметаат борците и нивните продолжувачи.
За нив, вклучувањето на Бугарите во Уставот е неприфатливо се додека официјална Софија води нескриена антимакедонска пропаганда и изразува аспирација за асимилација на македонскиот народ. А македонскиот пат кон ЕУ , велат, не смее да зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од исполнувањето на нејзините желби, па затоа да се бараат недвосмислени гаранции од Европа за непречен напредок во интегацијата, се вели во прогласот на Сојузот на борци Битола. М.М.