Фото: З.А

Денес пред споменикот во село Цер беше одбележана 119 годишнината од погубувањето на Христо-Димитров Узунов, македонски револуционер, учител и војвода и неговите 12 соборци.

На ова одбележување беа присутни претставници на основните училишта од Охрид и Кичево чиј патрон е големиот војвода, почитувачи на животот и делото на Узунов од Кичево и други градови од земјава.

– На денешното одбележување пред споменикот во село Цер, најпрво беа поздравени присутните со краток говор и положување на свежо цвеќе, потоа учениците од нашето училиште чиј патрон е Узунов изведоа рецитал, а наставничката по историја Виолета Петкоска прочита реферат за саможртвата на Узунов и неговите соборци, настан што силно одекнал во цела Европа – рече Билјана Ангелеска, директорка на училиштето во село Другово.

Херојското дело на Узунов и неговите комити, силно одекна и сите со бескрајна почит пишувале за херојството на комитите и нивниот војвода.

З.А