„Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г.г.Ангелариј“ од д-р Бранко Стојановски беше промовирана попладнево во ГБ „Борка Талески“ во Прилеп.
Се работи за документи, наводи и коментари поврзани со архиепископот охридски и македонски г.г. Ангелариј, а по повод 110 години од неговото раѓање и 35 годишнината од неговото загинување.
Авторот е потомок на загинатиот архиепископ.
-На 18 години започнав да истражувам за корените на мојата фамилија. Книгата е своевидно патување низ животот и делото на Цветко Крстески, односно Неговото блаженство г. г.Ангелариј, кој еден период беше заборавен помалку, односно вистината беше затскриена. Книгата и ја посветив на мојата баба која што му била блиска роднина на архиепискот – рече авторот д-р Бранко Стојановски, кој работи во Германија.
Книгата ја промовираше Слободан Беличански, истакнувајќи дека е значајно дело за животот и ликот на првиот архиепископ.
Ка.М.