фото: Ка.М.

Со полагање на цвеќиња на спомен обележјата на Методоја Андонов Ченто ,на Пере Тошев, Ѓорче Петров, на Кузман Јосифовски Питу, на Могилата на непобедените,
денеска во Прилеп беше одбележан 2 Август, Илинден, Денот на Републиката.
Бројни делегации, градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски,
со длабока почит им оддадоа признание на македонските херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги вградија своите животи во темелите на македонската држава.

фото: Ка.М.

– Илинден е симбол на непокорот, слободата и стремежот на македонскиот народ кон сопствена држава. Од славното Илинденско востание, преку одлуките на АСНОМ, до денешна Македонија, испишана е историја на генерации кои не се поколебале пред предизвиците, туку достоинствено се бореле за националниот идеал.
Денеска одбележувајќи 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, се поклонуваме пред нивното дело и даваме завет дека ќе продолжиме да ги чуваме илинденските идеали, државноста, македонскиот јазик, културата, традицијата и историското наследство. Нашата обврска денес е со одговорност, чесност и посветеност да ја градиме Македонија како достоинствена, развиена и просперитетна држава, а нашиот Прилеп како град кој ќе биде пример за напредок, економски развој и подобар живот за сите граѓани – рече градоначалникот Дејан Проданоски.

Ка.М.