фото: З.А.

Традиција за Први мај да се посети некое излетничко место не изостана ни годинава. На тој список предничи СРЦ „Крушино“ каде за овој празник се собираат поголем број локални жители и жители од околните села. Но навиката да се посети Крушино редовно остава негативни последици врз спортскиот центар бидејќи целото ѓубре од посетителите остана расфрлано на сите страни.Така, по којзнае кој пат празникот Први мај помина, а ѓубрето во Крушино остана.

фото: З.А.

– За жал грдата слика на Крушино и после овој Први мај не изостана. Сѐ што било непотребно после ручекот во природа расфрлано е на сите делови во центарот, каде се создадени помали депонии од секаков вид ѓубре. Навиките да се остава ѓубрето каде што ќе се стигне го расипува впечатокот. Се прашуваме дали еден ден ќе почнеме да наликуваме на Запад или тоа кај нас никогаш нема да се случи – вели Никола Миланоски, екологист од Кичево.

З.А.