Фото: Ка.М

Со желби за здравје, мир и спокој во 2023 година, вечерва во Крушево на плоштадот се одбележа реткиот христијански празник Дева.

Реализатор на проектот по 10 пат беше СУ “Наум Наумоски Борче”, изработен во рамките на поголемиот проект за одржлив развој на туризмот.

– Дева е празник со кој се слави појавувањето на ѕвездата што го најавува Христовото раѓање. Машки деца или возрасни ги посетуваат домовите на крушевчани со шестокрака ѕвезда и пеат песни за Христовото раѓање, а домаќините ги даруваат со муштулук – вели Снежана Миленкоска, директор на училиштето.

Професорот Билјана Проеска посочи дека при одбележувањето на празникот Дева се собирале пари за прво роденото дете во Крушево меѓу две Деви.

Ка.М.