Пред голем број вљубеници на зимските спортови и скијањето, во ресторанот Капри, во Битола свечено беше промоврана книгата за најпознатиот и најуспешен алпски скијач во историјата на битолското алпско скиање Љупчо Спировски.
Автор на книгата е неговата сопруга Лилјана Спировска.
Во својата 25 годишна скијачка кариера Љупчо Спировски оставил неизбришливи траги во скијачката историја, не само на битолското и македонското алпско скијање, туку и во поранешна Југославија.
Тој е единстевниот битолски алпски скијач кој учествувал на три зимски олимпијади, носител на олимпискиот факел и знаменосец на Зимските олимписки игри во Сараево 1984 година.
Во својата кариера Спировски има освоено огромен број титули, пехари и признанија.
Првите скијачки чекори Спировски ги направил на петгодишна возраст, а почнал да се натпреварува кога наполнил 10 години (1960 година).
За кариерата на Љупчо Спировски на промоцијата говореа и познатите битолски новинари и хроничари Петар Ставрев, Димче Миновски и Менде Младеновски.
М.М