Денеска во Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола беше промовиран нов библиотечен мултифункционален простор наречен „Дневна соба на градот“ каде што младите луѓе, но и сите генерации, ќе може да се среќаваат, да учат, да се унапредуваат, да стекнуваат нови пријатели.
Новиот библиотечен простор, во светот препознаен како „Community hub“, се отвора во согласност со заложбите на Светската организација на библиотеки (ИФЛА), со поддршка од Министерството за култура.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска рече дека „Дневна соба“ ќе им понуди на битолчани програми за квалитетно поминување на слободното време, литература за сечиј вкус, можности за истражување, дружење и социјална комуникација, но, пред сѐ, ќе биде пријатно место за едукација и за размена на искуства. М.М.