Фото: З.А

Жителите на кичевскиот регион едвај ги дочекаа дождовите кои по речиси два месеци паднаа во овој регион, но кои беа недоволни да се изгаснат пожарите кои во кичевијата се појавија на повеќе локации изминатите три седмици – потврдуваат од ТППЕ Кичево.

– Нашите надежи дека вчерашните врнежи од дожд ќе помогнат да дојде до спречување на натамошно ширење на пожарите во неколку региони во општината сепак не се остварија и овие пожари во нешто помал обем продолжуваат да бидат закана за повеќе населени места во општината. Врнеше во делот на Рабетинска Река каде под закана на огнената стихија беа селата Дупјани, Козичино и Патеец. Во исто време дожд падна и во северниот дел од општината, кој незначително помогна да се намали пожарот кој претходните денови се појави помеѓу селата Туин и Поповјани. Најавите на метереолозите дека ќе има врнежи од дожд и наредните денови, ни влеваат оптимизам дека со божја помош ќе успееме да се справиме со овие пожари кои во повеќе делови од општината направија вистински пустош – истакна Јордан Милески од ТППЕ Кичево.

З.А