Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, при Советот на Општина Прилеп донесе oдлука за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Прилеп.
Со одлуката, наградата за животно дело – златна плакета му е доделена на ликовниот уметник Кирил Гегоски за животните достигнувања и афирмација на уметноста.
Награди-плакети по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:
- Њу Џенерејшн – здружение за модерни танци – за постигнати резултати во областа на танцот
- Клуб за боречки спортови и рекреација „7-ми Мај“ – за достигнувања во областа на спортот
- Шаховски клуб Прилеп – за постигнати успеси во шахот и афирмација на Прилеп.
на Компанијата ГрабИТ ДООЕЛ – за особен придонес во развојот на ИТ технологијата и локалното стопанство - Тунинг кар шоу – спортско туристичка манифестација – за придонес во алтернативниот туризам и афирмација на Прилеп
- Фото Кино Клубот Прилеп – за постигнати резултати во воспитувањето на млади таленти во областа на фотографијата и филмот
Награди-дипломи по повод 3-ти Ноември ќе им бидат доделуваат на:
- Сузана Спиркоска – одделенски наставник – за особен придонес во реализацијата на образовниот процес
- Весна Шеремткоска – автор – за особен придонес во развојот на литературното творештво
- Душко Темелкоски – археолог, кустос – за особени постигнувања во областа на археологијата
- Вања Ѓорѓиоски и Фросина Ацевска – за освоено 1 место на Светско финале на Меѓународен натпревар по англиски јазик – Хипо
- Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески – ракометни судии – за особени достигнувања и афирмација на спортот
- Менче Настоска Кадинец – доктор од областа на медицината – за особен придонес и унапредување на квалитетот на здравството во Прилеп
- Мирослав Димитриески – доктор по земјоделски науки – за особен придонес во стручно-научната истражувачка работа.