Фото: З.А

Пожарот кој пред една седмица избувна во регионот на Рабетинска Река околу село Дупјнаи, теренот го претвори во месечев пејзаж. Се што се најде на патот на огнената стихија се претвори во прав и пепел. Овој пожар кој се уште не е целосно изгаснат претставува сериозна опасност за куќите во горното маало, бидејќи огнот е на стотина метри од куќите во ова маало, потврдуваат жители на село Дупјани.

– Пожарот кој пред неполна седмица избувна во регионот на Рабетинска Река и ги зафати реоните на селата Козичино, Патеец и Дупјани се уште не е целосно изгаснат. Проблемот лежи во недоволниот број на луѓе вклучени во гаснењето на пожарот, бидејќи само мал дел на локални жители се вклучени во гаснењето на пожаот, додека помошта која ја очекуваваме од соодветните структури не беше доволна за огнот целосно да се изгасне. Пламени јазици се уште се протегаат на стотина метри од првите куќи во горното маало на село Дупјани и опасноста од поголем пожар се уште е присутна. За да имате вистинска претстава колкави се штетите од овој пожар најдобро е да го посетите ова село и на лице место се уверите во катастрафата што ја предизвика овој пожар – нагласи Љупче Крстески, еден најактивните жители на ова село вклучени во гасењето на пожарот.

З.А