Традиционално промоцијата на штотуку завршените постдипломци и додипломци на Правниот факултет Кичево се организира во декември, но церемонијата ќе се случи во февруари или март в година, со што ќе се вклопи во одбележувањето на 15-годишнината од почетокот со работа на Правниот факултет во Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга, потврди секретарот на факултетот м-р Гоце Велески.
– Бидејќи нашиот факултет во текот на наредната календарска година ќе одбележи 15 години од почетокот со работа, одлучено е промоцијата на штотуку завршените додипломци и постдипломци да се реализира напролет во месеците февруари или март, кога со пригодна свеченост ќе биде одбележан и јубилејот – истакна секретарот Велески и ги нагласи досегашните постигнувања на овој факултет.
– Во изминатите 15 години на нашиот факултет дипломирале 1.120 студенти, 350 студенти се стекнале со титулата магистер и двајца се доктори на правни науки. Факултетот е основан во 2008 година со седиште во Кичево, а на годинешната промоција ќе им се доделат дипломи на 41 дипломиран правник и 20 магистри – заврши секретарот. З.А.