фото: Зоран Антоски

Екипа на ЈКП „Комуналец“ – Кичево деновиве интензивно работи на чистење на коритото на градската река. Чистењето на речното корито најчесто се изведува пред почетокот на зимата кога се можни поинтензивни врнежи од дожд и пред сѐ од снег, кои можат да предизвикаат излевање на надојдените води од речното корито.

– За да го зголемиме капацитетот на коритото на градската река во Кичево, пристапивме кон негово чистење од наталожениот песок и тревата која израсна во него во текот на летото и есента. Со овој зафат ќе овозможиме капацитетот на речнотот корито да биде многу поголем, а тоа ќе придонесе и при посилни врнежи од дожд или снег, да не дојде до излевање на надојдените води од речното корито и несакани поплави на околните објекти. Инаку, практикуваме два пати во текот на годината да го чистиме речното корито, но годинава поради долготрајната суша и нискиот водостој да извршивме само есенско чистење – истакна Зенел Јонузи, директор на ЈКП„ Комуналец“.

По преселбата на општинската администрација во реновираната зграда на поранешната Команда на гарнизонот Кичево, се создадоа услови општинската зграда да ги прими вработените во администрацијата од комуналното претпријатие. Така, деновиве најголемиот дел од администрацијата на ова претпријатие се пресели во новите простории, каде условите за работа се неспоредливо подобри, а и самата локација во средиштето на градот ќе им овозможи на граѓаните многу побрзо да ги завршат планираните обврски.

З.А.