Отпаден градежен материјал, стара покуќнина, обувки, облека, постелнини, теписи и што ли уште не, чистат комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ Прилеп, од неколку диви депонии на потегот од надвозникот кај Салида до бензиската „Лукоил“ и над населбата Кузман. Пролетната акција за чистење на дивите депонии ќе трае се додека се исчистат мапираните 12 големи диви депонии во околината на Прилеп, и
околу дваесетина помали, велат надлежните.

– И покрај апелите отпадот да се одлага во куќните корпи за отпадоци, додека за старата нефункционална покуќнина ,,Комуналец“, има обезбедено посебна линија секој четврток, оваа појава на неконтролирано исфрлање на отпад никако да прекине. Голема е штетата која се прави и со одлагањето на градежен материјал, иако граѓаните на располагање имаат контејнер од пет метри кубни за кој ќе платат само 1.360 денари, и услуга со трактор со цена од 6.300 денари. Можноста самоиницијативно да се транспортира отпадот до депонијата во Алинци, според евидентираните влезови најмалку се користи, иако влезот во депонијата не се наплаќа – велат од ЈКП „Комуналец“.

Овие активности се за заштита на животната средина и за чист град. Ка.М.