Во врска со изјавата на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски дека со усвојувањето на ребалансот Битола зголемен за 116.000.000 денари, кој сигурно нема да биде прифатен од Министрството за финансии и дека е закочена Битола реагираа од СДСМ.
-Општината Битола не е закочена. Има буџет, кој е изгласан од Советот и кој функционира. Единствено закочени се неговите и намерите на ДПМНЕ да го прекројат буџетот по своја волја, за да задоволат партиски и други интереси
Битолчани бараа градоначалник – менаџер, не поет. А, СДСМ ќе бара одговорност од градоначалникот зошто дел од ставките кои требаше да се трошат цела година, се потрошени во првите три месеци од годината – се вели во реакцијата на СДСМ.