Заменик-амбасадорот на Кралството Холандија Роберт Декер заедно со градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, претставници на невладината организација од „Пролокал”, општинската администрација
и младите, учесници во проектот „Зајакнување на капацитетите на луѓето од Пелагонија”, ја посетија локацијата каде е изградена вежбалницата на отворено во
склоп на спортската сала во Новаци.

– Денес свечено ја пуштаме во употреба теретаната на отворено која ја изградивме во склоп на спортската сала во Новаци на барање на младите луѓе од нашата општина со
средства од проектот во висина од 122.000 денари, додека кофинансирањето на Општина Новаци изнесува 147.386 денари – рече градоначалникот Стевче
Стевановски.

Младите учесници имаа можност да предложат идеи и предлог проекти за секоја Општина, кои ке бидат од големо значење за сите жители од овие 7 рурални Општини во Пелагонија. Целиот овој процес, од предлог идеја на младите до реализација од страна на избрана градежна компанија, се одвиваа согласно сите административни
постапки и процеси од страна на секоја Општина. За време на работилниците и во сите процеси на реализација на проектите, учествуваа и беа обучени и 7 претставници од општините за работа со млади од нивните општини. Крајниот резултат се 7 инфраструктурни проекти од мал обем во сите седум општини.

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија” е финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија, преку МАТРА Програмата, а во неговата имплеметацијата
освен Про Локал, вклучени се уште 9 други граѓански организации и општините Новаци, Ресен, Могила, Демир Хисар, Долнени, Крушево и Кривогаштани. М.М.