Strezevo
Фото: М.М
Денеска на браната на хидросистемот „Стрежево“ во пробно производство свечено беше пуштена во употреба фотоволтаичната централа „Стрежево 1“, со моќност од 500 киловати.
Централата е изградена со сопствени средства на претпријатието.
Инвестицијата е во вредност од околу 30.000.000 денари, или околу 500.000 евра.
Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност за изградба и на втора централа од ваков тип со оглед на фактот што  претпријатието има добиено дозвола за градба до 1 мегават.
Годишното производство  на фотоволтаичната централа е околу 700.000 киловат часови.
– Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија покрај досегашното искористување на водата од петте мали хидроцентрали. Овој проект има позитивен инпут врз работењето на претпријатието, економскиот ефект на инвестицијата е крајно оправдан со видлив резултат и предвидливи критериуми кои укажуваат на фактот дека очекуваните ефекти ќе ги надминат вложените средства во инвестицискиот проект – изјави директорот на претпријатието Методија Граматковски.
ЈП „Стрежево“ е првото формирано претпријатие од Владата кое изградило фотонапонска централа и чие производство ќе се продава и на слободниот пазар.