Фото: Општина Прилеп
Со пригодна манифестација денеска во гратската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, беа одбележани 120 години од раѓањето на македонскиот писател Стале Попов.
Пред присутните, за творештвото на македонскиот раскажувач и романсиер Стале Попов говореше  проф. д-р Наташа Аврамовска, в.д. директор на Институтот за македонска литература, при тоа потенцирајќи го неговото големо литературно дело.
Извадоци од расказите за Итар Пејо читаа актери од прилепскиот театар, а од библиотеката посочија дека располагаат со 70 единици книги од Стале Попов, кој е автор на романите „Крпен живот“, „Калеш Анѓа“,  „Толе Паша“ и на други дела.
Ка.М