Од утре Прилеп ќе го има командирот на Полициската станица, избран на Совет на општината, а потврден со решение на министерот за внатрешни работи.Ова го потврди Панче Тошковски, министер во МВР, при посетата на ОВР Прилеп.
-Добиена е пресуда од Управниот суд со која се потврди моето решение за поставување на командир на ПС Прилеп, а беше поништено од Владата. Се потврди и решението за давање отказ на полициски командир на ПО Ропотово, кој пукаше на веселба – рече министерот Тошковски, при тоа потенцирајќи дека безбедносната состојба во Прилеп е стабилна и дека е намален бројот на кривични дела, а е зголемен процентот на расветлување на кривични дела за 25 проценти.
Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање за запалените возила во Прилеп, потенцираше дека секој кривично правен настан на штета на граѓаните ќе бил санкциониран, бидејќи одговорноста имала име и презиме. Ка.М.