Во просториите на „Рурална Коалиција“ меморандум за соработка потпишаа  здружението на деца со пречки во развојот„ Надеж“ од Кичево и „Рурална Коалиција“. Меморандумот го потпишаа претседателите на двете здруженија, Лиљана Јоноски од „Рурална Коалиција“ и Ѓоко Митрески од здружението „Надеж“.

Извршната директорка на „Рурална Коалиција“ Лиљана Јоноски, беше презадоволна од соработката што во понатамопниот период ќе ја реализираат со локалното здружение на деца со пречки во развојот.

– Меморандумот ја изрази желбата и интересот за заедничка соработка и делување во локалната заедница а во насока на целосна инклузија на лицата со пречки во развојот. Во рамките на нашиот проект преку кој што го градиме првиот женски рурален Е-пазар „Наша тезга“,како социјално претпријатие ние се грижиме за економското јакнење и социјална инклузија на маргинализираните групи во општеството и како потврда за горе искажаното е дека веќе имаме едно такво лице вработено во нашата организација – истакна Јоноски.

Задоволство од потпишаниот меморандум изрази и претседателот на здружението Надеж, Ѓоко Митрески.

– Потпишувањето на меморандумот за соработка со„ Рурална Коалиција“ за нас ќе значи многу. Ќе се продлабочат врските со ова здружение,ќе се подобрат и условите за наше понатамошно делување а придобивките од оваа соработка ќе бидат брзо видливи – нагласи Митрески. З.А.