фото: Зоран Антоски

Пред највеселата ноќ во годината, децата со пречки во развојот од Кичево, добија за подарок новогодишни пакетчиња. Пакетчиња добија од здружението „Рурална коалиција“,од охриѓанецот Димче Каневче, од општинската организација на Црвениот крст Кичево и до црковниот храм „Свети Петар и Павле“.

Во текот на денот во просториите на Здружението на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево, им беа поделени овие пакетчиња на сите припадници од оваа група, потврди претседателот Ѓоко Митрески.

– Пријатно сме изненадени од дарежливоста која пред Новата година ја покажаа повеќе здруженија, поединци и црковниот храм од Кичево. Така во текот на денот на децата со пречки во развојот им ги доделивме новогодишните пакетчиња обезбедени од ОО на Црвен крст Кичево и Здружението „Рурална коалиција“, кои во овие пакетчиња за децата обезбедија секаков вид земјоделски производи што се добиваат во земјава. Децата беа пријатно изненадени што пред највеселата ноќ во годината голем број субјекти се погрижиле да им го разубават овој ден, за што и ние како здружение „Надеж“ на сите дарители од срце им благодариме – нагласи претседателот Митрески.

З.А.