Во трпезаријата од црковниот храм „Свети Петар и Павле“ во Кичево беше одржана првата проба на децата кои ќе земат учество во Бадниковата поворка, која ќе го најави рождеството на Синот божји. До денот кога ќе се одржи Бадниковата поворка ќе бидат одржани уште четири проби, а ова е десетта, јубилејна година како се одржува Бадникова поворка во нашиот град, потврди организаторот на поворката Бошко Сарафилоски.
– Со денешниот прв собир ги започнавме пробите на децата од Кичево кои ќе земат учество во десетата по ред, јубилејна Бадникова поворка. Децата кои беа присутни на првата проба се на возраст од три до 10 години, а очекуваме нивниот број да биде во пораст во преостанатите четири проби, колку што ќе одржиме до големиот верски пеазник Бадник. Нашите дечиња ја учат песната Вечниот Бог која ќе ја изведуваат во текот на обиколката на градот – потврди Сарафилоски.
Тој нагласи дека на првата проба биле присутни педесетина деца, а во поворката ќе се вклучат и деца кои претходните години учествувале во овие проби и кои добро ја знаат песната. З.А.