Денеска почнаа реконструктивните и градежните зафати на на улицата „Наум
Наумовски Борче“ во Битола. Улицата се реконструира во должина од 373 метри, како дел од проектот за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“, кој општина Битола гореализира оваа градежна сезона.

Од овој проект, активностите се завршени на 11 улици, а на четири улици се во тек. M.M.


Санкцинирани 125 возачи за пребрзо возење

Иако вчера беше неработен ден, битолската полиција беше многу ангажирама.
Само во периодот од 12 до 18 часот на територијата на СВР Битола беше
спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт
возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи.

Од нив, 48 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од
населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја
зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта –
апелираат од СВР Битола. М.М.